Мицотакис од Брисел: Пред мене Мицкоски го користеше името “Северна Македонија”

„Пред мене на состанокот на ЕПП г. Христијан Мицкоски го искористи името предвидено со Договорот од Преспа, односно Северна Македонија кое има обврска да го користа ерга омнес. Верното спроведување на договорот е единствениот начин да се отвори европскиот пат на соседната земја“, нагласи грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во изјавите што ги даде по завршувањето на работата на Самитот на ЕПП во Брисел.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Грчките медиуми ја пренесоа и ја искоментираа како пркосна и провокативна изјавата којашто македонскиот премиер Мицкоски ја даде во средата пред почетокот на Самитот ЕУ-Балкан во Брисел.

„Денеска сме во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите“, рече Мицкоски во објавата на социјалните мрежи што предизвика реакции во Грција за непочитување на договорот од Преспа.

„Пркосен, безобразно игнорирајќи ги не само предупредувањата на Грција, туку и одлуките на Европската Унија, премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, присуствувајќи на Самитот ЕУ-Западен Балкан, продолжи со систематското кршење на Договорот од Преспа“, пишува „Прототема“, осврнувајќи се на користењето на терминот „македонски граѓани“ и „Македонија“ во неговото обраќање.

Грчка „Прототема“ нагласува дека „Атина постојано и на секое ниво предупредуваше дека непочитувањето на одредбите од Договорот од Преспа ќе има последици не само за билатералните односи, туку и за европскиот пат на Северна Македонија, а самиот премиер Киријакос Мицотакис, доаѓајќи на Самитот, укажа дека е потребно усогласување со европското законодавство. Сепак, Мицотакис, додека посебно се осврна на поддршката на европската перспектива на Србија и Албанија, избегна да ја спомене Северна Македонија“.

„Самиот г. Мицкоски постојано го користи терминот „Македонија“ и „Македонци“, па дури и се повика на член 7 од Договорот од Преспа. Но, фактот што на состанокот на ЕУ во која е поканет, претставува државна институција, го обврзува, во согласност со Договорот од Преспа, да се обраќа само со „Република Северна Македонија“ и со „граѓаните на Северна Македонија“, бидејќи секоја друга референца претставува повреда на словото и духот на Договорот“, пишува „Прототема“.

Советот на ЕУ во средата, во заклучоците одобрени од министрите за надворешни работи за проширувањето, имаше посебен осврт на обврската на Северна Македонија да ги почитува обврските што ги презела преку меѓународните договори, при што карактеристично се споменува:

„Советот потсетува дека е важно е да се постигнат опипливи резултати и да се имплементираат билатералните договори со добра волја, вклучително и договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија според преговарачката рамка“.

„Бугарија очекува да види Северна Македонија да го измени својот Устав за да ги вклучи Бугарите во него пред да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори, а тоа беше поставено како услов од ЕУ и прифатено од Скопје. Северна Македонија отстапи додека се смени владата, а новата влада останува на ставот дека уставните амандмани со кои се признава бугарското малцинство нема да се реализираат без претходни гаранции од Бугарија дека нема да стави вето во иднина“, објави грчката телевизија Скај

Back to top button
Close