Мицотакис уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени избори во Грција

 

За помалку од 24 часа, во два наврати, во интервјуто за радиото „Скај“ и во Парламентот, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека изборите ќе бидат на крајот од четиригодишниот мандат, со што уште еднаш ги демантираше сценаријата што во изминатиот период се споменуваат во Грција за предвремени парламентарни избори на есен, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис говорејќи за грчкото радио објасни дека ќе го искористи неговиот мандат што истекува за една година и поради институционалниот поредок, но и поради политичката стабилност, „особено во критичниот момент како овој низ кој поминуваме“.

Нова демократија дојде на власт пред точно три години, на 7 јули 2019 година, а грчкиот премиер рече дека неговата намера е на крајот од четиригодишниот мандат граѓаните да ја оценат работата на Владата, па дури и оваа негова одлука, да има политичка цена, поради тешката зима што следи.

-Имаме Влада која има силно парламентарно мнозинство и моја обврска е да ја гарантирам стабилноста на земјата и постоењето на Влада што денес е обезбедено. И да ви кажам уште нешто, ако платам цена за ова, политичка цена, затоа што ни претстои тешка зима, не го скрив тоа, апсолутно сум подготвен да ја платам цената, затоа што никогаш нема да играм со институциите, да ја ставам во опасност стабилноста на државата за да му служи на интересот за мојот реизбор, рече Мицотакис

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close