Мигрант пука од огнено оружје во село Невесиње близу Сараево

Полицајци од градот Невесиње (150 км југ-западно од Сараево) и од Жандармеријата при полициската управа Требиње блокирале поширока локација и објект во селото Зови До од кој непознато лице пука од огнено оружје, јавија медиумите во БиХ.

Во околината на таа локација нема цивили и повредени лица.

„Лицето кое пука не зборува и не го разбира српскиот јазик и не сака да комуницира на англиски со полицајци“, се наведува во соопштението од полицијата.
Дел од тамошните медиуми јавија дека полицијата претходно привела мигранти во тој реон кои ограбувале куќа.

Back to top button
Close