Мило Ѓукановиќ поднесува оставка на местото претседател на Демократска партија на социјалистите

Досегашниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ поднесува оставка на местото претседател на неговата Демократска партија на социјалистите.

Тој ова им го најавил на неговите партиски колеги, по поразот на претседателските избори.

Вршител на должноста претседател на ДПС ќе биде Даниел Живковиќ, шеф на пратеничката група на партијата во црно-горското собрание.

Како што јави српската агенција Бета, Ѓукановиќ официјално ќе ја поднесе оставката утре на седница на главниот одбор на партијата.

Back to top button
Close