Министерот Оливер Спасовски позитивен на Ковид-19

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на Фејсбук објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте се“, напиша Спасовски.

Тој два пати беше во изолација поради контакти со позитивни додека беше технички премиер.

Back to top button
Close