Министерството за финасии покажа дека има капацитет да се справи со кризата, смета Ангеловска

–Министерството за финансии не е имплементатор или реализатор на мерките, но е вклучено во речиси сите мерки, бидејќи обезбедува финансиски средства за да може да се реализираат, а распределбата се исплаќа од Генералниот секретаријат од Програмата П1 – КОВИД, односно мерки за справување со КОВИД.

Таму, како што истакна во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата министерката за финансии Нина Ангеловска, се буџетирани 150 милиони евра.

-Средствата не се во буџетот на Министерството за финансии како институција, туку се во Владата која што воедно има буџет и за реализација на мерките за финансиска поддршка на стопанството, тоа се програмите за реализација на Законот за финансиска поддршка на инвестиции на пример, тоа се многу други бројни програми за давање на државна помош, на финансиска помош сега со мерките, рече Ангеловска.

Министерството за финансии во овој период, додаде, покажа дека има капацитет и дека има подготвени квалитетни луѓе коишто деноноќно неуморно работат на справување со целата криза за спроведување на соодветни фискални мерки за обезбедување на ликвидност на буџетот.

-Функцијата на Министерството за финансии да се грижи за државната каса, да се грижи за парите на граѓаните на најсоодветен начин во ваква криза да бидат менаџирани уште повеќе и обезбедува многу повеќе од финансиски средства, бидејќи ние сме со цела енергија, посветеност и пасија вклучени како институција во реализација на сите мерки вклучително и на овој навистина обемен и голем проект како што е домашната платежна картичка па и ваучерите за  туризам, рече Ангеловска. вј/са/

Back to top button
Close