Министерството за одбрана на Србија: Курти и Свечља како искршени грамофони, постојано повторуваат лаги

Министерството за одбрана на Србија денеска ги отфрли тврдењата на властите во Приштина, кои на крајно клеветнички начин ја обвинуваат српската армија за вмешаност во настаните во Бањска и за поврзаност со непостоечки „терористички групи“ кои наводно планираат инвазија на територијата на Косово.

„Министерството за одбрана најостро ги отфрла лагите кои денеска ги кажаа премиерот на привремените институции на самоуправа во Приштина, Албин Курти и министерот за внатрешни работи на привремените институции на самоуправата во Приштина, Џељаљ Свечља, а особено оние во кои, на крајно клеветнички начин, српските вооружени сили се обвинети за вмешаност во настаните во Бањска и врски со непостоечки „терористички групи“ кои наводно планираат да извршат инвазија на територијата на лажната држава Косово“, се нагласува во соопштението на српското МО.

Како што е оценето, во отсуство на какви било конструктивни решенија кои би довеле до воспоставување мир и стабилност на територијата на нашата јужна покраина, Курти и Свечља, како искршени грамофони, постојано повторуваат лаги на кои никој сериозен во меѓународната заедница нема да им верува.

„Потенцираме дека Министерството за одбрана и Вооружените сили на Србија постапуваат исклучиво во согласност со нивните законски надлежности. Затоа, ноторна лага и целосна глупост е дека полигоните на Вооружените сили на Србија се користат за обука на какви било единици. освен единиците на српските вооружени сили и повремено МВР и дека има некакви планови за „напад“ на територијата на Автономната покраина Косово и Метохија“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана

Back to top button
Close