Мишел: ЕУ треба да им понуди азил на руските дезертери

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека земјите-членки на Европска Унија треба да разгледаат начини да им понудат азил на руските војници кои ќе го напуштат бојното поле.

Тој ги повика руските војници да не ги почитуваат наредбите.

– Ако не сакате да учествувате во убивањето на вашите браќа и сестри Украинците, ако не сакате да бидете криминалци, фрлете го оружјето, престанете да се борите, напуштете го бојното поле, истакна Мишел.

Западните извештаи сугерираат дека руските војници веќе се деморализирани и трпат големи загуби.

На почетокот на инвазијата, Украина им понуди пари на руските војници, кои ќе дезертираат.

Back to top button
Close