Мислеле дека носи злато во автомобилот, а тој имал алат  – мотив за убиството е користољубие

На паркингот пред трговски центар „Мавровка“ претпладнево е убиен скопјанец.

Неофицијално, се вели дека тој водел неколку бизниси, а полицијата сè уште не го соопштува неговиот идентитет.

Тројцата осомничени, наводно сите од Скопје, мислеле дека жртвата носи злато во автомобилот. Нападот наводно го извршиле за да го ограбат. Но, откако го убиле човекот и го зеле пленот од колата, виделе дека торбата е полна со алат за продажба, пишува „СДК.мк“.

Убиениот човек наводно имал фирма во близина на седиштето на Општина Аеродром, за продажба на разновиден алат за работа.

„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне. Лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, уапсено е уште едно лице. На полицијата ѝ е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово наоѓање“ – соопшти МВР.

Мотивот за убиството е користољубие, според првите неофицијални информации

Тие се обиделе да го ограбат, но убиениот им се спротивставил. И тоа бил моментот во кој тие одлучиле со еден истрел во главата да го лишат од живот.

Неофицијално, кога се случил инцидентот убиениот Ефтимов бил придружуван од женско лице, најверојатно сопругата.

Иако истрагата во почетната фаза имаше индиции дека можеби станува збор за облик на изнуда, досега собраните докази упатуваат на тоа дека сторителите го следеле Васил Е. за да го ограбат. Причина за тоа е заедничкиот бизнис што Васил го имал со неговата сопруга, поврзан со изработка и продажба на накит. Дуќанот е во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром.

Конкретна цел на сторителите бил накитот што Васил го превезувал во неговиот автомобил. Откако го пресретнале на паркинг-просторот близу „Мавровка“, го отвориле багажникот на возилото и го земале накитот. На реакцијата на Васил одговориле со пукање. Во телото на Васил завршил еден истрел и тоа, најверојатно, од зад грб. Тој бил фатален за него. Дали напаѓачите имале погрешна проценка за вредноста на накитот, натценувајќи го, дополнително ќе се утврдува.

Инаку, сите тројца сторители се од исто семејство од Скопје, кое ѝ е познато на полицијата од претходни криминални случаи. Денешното убиство не се поврзува со синоќешното пукање во скопската населба Ченто, при што едно лице заврши во болница.

 

Back to top button
Close