Бизнис центарот „Соравиа“ го купуваат фирма на внук на Али Ахмети и компанија од Тирана

Бизнис центарот „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје, го купуваат фирма на внук  од братот на Али Ахмети и компанија од Тирана, објави порталот МКД.мк.

Како што пишува порталот, се дознава дека една од двете компании кои се дел од оваа зделка всушност е фирма на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети од неговиот брат Фекри.

Дрин Ахмети исто така е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот „Соравиа“ се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

 

Целиот текст ТУКА.

 

 

Back to top button
Close