МНР: Досега нема информација за настрадани македонски државјани во железничката несреќа во Грција

Министерството за надворешни работи информира дека во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила блузу градот Лариса во Грција, досега ниту до Министерство ниту до македонските дипломатско-конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Република Северна Македонија.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа. Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради какви било причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција“, соопштија од МНР.

Оттаму информираат контактите се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.

Back to top button
Close