Модернизирана винтиџ хомофобија

(…)

Значи не го учи моето дете каде да го стави морковчето. Јас ќе му кажам кај да го стаи, бидејќи јас сум одговорен за него до неговата осумнаесетта година или додека се осамостои. Тука јас имам проблем: агресивноста на тоа, влегувањето во домот.“

Интересно е што Тасевски постојано ја користи сликата за „домот“ како некое свето место кое треба да се брани од надворешни сили и непријатели, каде родителите имаат апсолутна власт врз своите деца. Без Тасевски да каже на каков вид на семејство мисли, јасно е дека се зборува за патријархалниот идеал на хетеросексуален брачен пар и нивните деца.

Тасевски имплицитно ги исклучува другите видови на семејства, како на пример исто-родовите заедници, или едно-родителските семејства и на тивок, деперсонализиран начин наложува кој е едниствениот модел на прифатливо семејство.

Како и Џон Бригс, во оваа дебата Тасевски изразува одредена анкциозност за губењето на својот авторитет како родител, заради нови концепти кои би требало да се внесат во образованието. Неговиот став може и да се интерпретира како негова желба за тоталитарна контрола врз неговото дете — нешто за што тој постојано ги обвинува невладините организации и ЛГБТИ луѓето. Односно, луѓето како Брајант, Бригс и Тасевски се тие кои агресивно промовираат хетеро-нормативни вредности со тоталитарна тенденција каде дури и изборното сексуално образование, учењето за различноста, па и самото присуството на ЛГБТИ луѓе околу децата, веќе претставува огромна опасност за патријархалното семејство.

Но за кои деца зборуваме? Каде се овие браначи на децата кога се во прашање квир младите? Каде е Сашо Тасевски кога се во прашање 25% од геј момчињата кои планирале самоубиство? Или пак 41% од трансродовите луѓе кои се обиделе да си го одземат животот?

Одговорот на овие прашања е јасен: ЛГБТИ младите не се важни ниту за винтиџ, ниту пак за модерните хомофоби. Квир младите се третираат како да не постојат, како да квир е нешто што се станува преку „регрутирање“ од страна на возрасни геј личности и невладини организации. За Тасевски, очигледно е многу поважно да биде слушнат неговиот родителски авторитет и да може да му каже на неговото дете каде да го „стави морковчето“, отколку каков ефект ваквата реторика има врз вистинските животи на квир децата.

Во 21виот век можеме да очекуваме уште многу луѓе како Сашо Тасевски со вакви аргументи кои се многу слични на класичните и поексплицитните хомофобични аргументи, но сега со поголема затскриеност. Тие нема да користат погрдни зборови на телевизиските емисии, но ќе ги нарекуваат геј парадите агресивни или пак ќе се жалат за некоја наводна голотија. Тие ќе тврдат дека ги поддржуваат човековите права на ЛГБТИ заедницата ама не под нивен покрив. Тие ќе го бранат домот и семејството, но не и квир младите кои за нив, секако, не ни постојат. За да вистински обезбедиме човекови права, општествено прифаќање и безбедност за ЛГБТИ заедницата, мораме да знаеме како да препознаеме хомо/би/трансфобија која активно се претставува како „загриженост за децата“.

Елена Гаговска

Колумната во целост прочитајте ја на Медуза

Back to top button
Close