Момче и девојка паднаа од зграда во центарот на Скопје, момчето почина на лице место

Во населбата Центар, момче и девојка се најдени вчера попладне по пад од зграда.

Момчето го загубило животот додека девојката се бори за живот.

Според информациите до коишто дојде Плусинфо, девојката е пејачка на познат скопски бенд, а се очекува наскоро да се разбуди од кома и да просведочи за деталите на трагедијата.

На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.

Back to top button
Close