Момче со ракетен фрлач урнало зграда во Рума, претходниот ден било пуштено од психијатриско лекување

Српската полиција во градот Рума, попладнево уапсила млад човек кој денеска од ракетен фрлач испукал проектил и уништил напуштен објект во близина на железничката станица во овој војводински град, јавија регионалните медиуми.

Експлозијата се случила околу 14 часот во Платичево и предизвикала уривање на малата зграда, но во инцидентот нема повредени.

Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување.

„Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда на станицата. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува весникот „Блиц“, наведувајќи дека е причинета поголема материјална штета.

Српските медиуми јавуваат дека по масовното пукање во училиштето, кога ученик во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби осум врсници и училишен чувар, како и по масакрот во Младеновац кога Урош Б.(21) уби осум лица. , во земјата многу често има нови инциденти

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close