МОРБИДЕН ТИК-ТОК ТРЕНД: Игра инспирирана од масакрот во Белград: Децата бираат меѓу момчето убиец и неговите 10 жртви. Јавноста е револтирана

По масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, на социјалните мрежи се појавија низа вознемирувачки видеа на кои се поддржува момчето убиец, но во последните денови тој тренд станува се поморбиден. Сега на Тик-Ток има актуелен филтер со кој децата од регионот, но и од странство избираат меѓу момчето убиец и неговите жртви.


Тие кратки видеа на Тик-Ток изгледаат вака: на едната страна се 10-те жртви од „The Pond“, а на другата е момчето убиец. Тогаш авторите на видеото, движејќи ги главите лево или десно, избираат кој за нив го претставува „кралот“.
Страшно е што филтерот е прилично раширен на Тик-Ток. Го користат најмногу луѓе од регионот, но меѓу нив и странци кои, без разлика дали знаат за настаните кои се во позадината на играта.

извор

Back to top button
Close