Москва го разгледува Абу Даби во ОАЕ како место за следната рунда преговори за Украина

Обединетите Арапски Емирати би можеле да бидат домаќини на претстојната рунда трилатерални преговори за Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков за руските медиуми изјави дека Абу Даби „неколку пати“ изразил подготвеност да биде домаќин на вакви разговори – предлог што Москва „високо“ го цени.
„Кога ќе преминеме на конкретната фаза на подготовки за следната рунда преговори, сигурен сум дека Емиратите, а особено Абу Даби, ќе бидат на дневен ред како потенцијално место“, додаде тој, одговарајќи на прашање за можна комуникација меѓу Москва и Абу Даби во врска со разговорите за Украина.
Песков рече дека засега нема конкретни разговори со Украина за прекин на огнот.






