Москва сега се противи и на можното членство на Украина во ЕУ  

Дмитриј Полјански, вториот човек на мисијата на Русија во ОН

Позицијата на Русија за кандидатурата на Киев за влез во ЕУ е променета и сега е слична на противењето на влезот на Украина во НАТО. Ова го изјави во интервју со Дмитриј Полјански, заменик-шеф на Постојаната мисија на Русија во ОН.

Во изјавата за UnHerd, тој рече дека не е вклучен во формулирањето на руската надворешна политика, но дознал од колегите дека разговорите со Украина во Истанбул кон крајот на март покажале дека таа е свесна за ситуацијата и дека може да добие безбедносни гаранции. Но, тие нема да го покриваат Донбас и анектираниот Крим, а земјата нема да биде членка на НАТО или други сојузи. На експлицитно прашање што сака да каже – дека е неприфатливо за Русија Украина да биде членка на ЕУ, Полјански одговори:

„Мислам дека тогаш не бевме многу загрижени за Европската унија, но ситуацијата се промени по изјавата на Жозеп Борел дека оваа војна мора да се победи на бојното поле. И по фактот дека ЕУ е лидер во снабдувањето со оружје мислам дека нашата позиција за Европската унија сега е повеќе слична на онаа на НАТО, бидејќи не гледаме голема разлика“.

Се работи за пораката на Твитер на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност од 9 април.

По неговата посета на Киев, каде што беше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и неговата средба со претседателот Володимир Зеленски, Борел напиша:

„Се вратив со јасен список на задачи: 1. Оваа војна ќе се добие на бојното поле. Одредени се дополнителни 500 милиони евра. Оружјето што ќе биде испорачано ќе биде според специфичните потреби на Украина

 

 

Back to top button
Close