Москва тврди дека овие три земји се подготвуваат да и зададат „нож во грб“ на Украина

Москва тврди дека трите европски земји кои во моментов најмногу и помагаат на Украина со гориво – Полска, Словачка и Романија, во блиска иднина ќе и забодат „ нож во грб“ и ќе поделат делови од јужните и западните територии на оваа земја.

Руските државни медиуми почнаа да шират пропаганда – тврдејќи дека Украина, потпирајќи се на западните соседи, всушност ќе биде нивна жртва бидејќи, според руските наводи, Полска, Унгарија и Романија планираат да преземат делови од западна и јужна Украина.

 

Во прилог на тоа Русија објави и мапа според која Лавов, град на северозапад од Украина, ќе и припадне на Полска.

 

принтскрин на полска телевизија TVP1

Се разбира, доколку таквите приказни не поминат во самата Украина, каде што некои функционери гледаат слични намери од постапките на Унгарија и нејзиниот лидер Виктор Орбан, теоријата речиси сигурно ќе биде прифатена во Молдавија.

Оваа држаvа последниве недели, беше цел на Русија, особено нејзиниот проруски регион Придњестровје, кој во моментов се наоѓа во состојба на готовност и во самоизолација и каде се стационирани руски војници.

принтскрин на полска телевизија TVP1

принтскрин на полска телевизија TVP1

Дел од познавачите на состојбите сметаат дека поради состиојбата на теренот и бавното напредување на руските трупи, Кремљ се обидува, покрај бомбардирањата и ракетирањата на се што има врска со сојузниците кои и помагаат на Украина – магацини со оружје, транспортни патишта , на крајот, измислува и пропагандни приказни. .

Back to top button
Close