Москва: Уништено складиште за гориво во регионот на Харков

Украинска база за складирање гориво во регионот на Харков е уништена од руски ракети, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Руските сили уништија и дел од украинската воена опрема и странско оружје на железничката станица во истиот регион, наведува Министерството.

Руската армија синоќа изврши неколку воздушни напади врз областа Дњепропетровск и погоди складиште за нафта и фабрика, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Валентин Резниченко, пренесе Би-Би-Си.

Back to top button
Close