Мотоциклист загина во сообраќајката кај Дебар
Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат Дебар – Струга животот го загуби мотоциклист од Кичево.
Во несреќата учествувале патничко возило со скопски регистарски таблички и мотоцикл со кичевски регистрации.
– На 04.05.2025 година во 14.30 часот, на магистралниот пат Дебар-Струга во близина на дебарското село Отишани, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје и моторцикл „Дукати“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р. (33) од Кичево.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
АМСМ соопшти дека од 17:55 часот патниот правец Дебар – Струга е нормали зиран.