МВР: Двојното убиство го извршиле петмина напаѓачи со „фантомки“, возилото е најдено близу Горно Оризари

Воооружените напаѓачи кои вчера вечерта убија две и ранија едно лице во угостителски објект во Старата скопска чаршија биле петмина на број, облечени во црна облека и маскирани со „фантомки“, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, возило марка „ауди а6“ било опожарено на патот кон Горно Оризари. Телата на двајцата убиени – триесет-седумгодишниот Ј.К. и дваесет и осумгодишниот Е.И., кои од повредите починаа на самото место, по наредба на јавен обвинител се дадени на обдукција.

„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција. Околу 20.30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари“, се наведува во соопштението на МВР.

Убиените се Јетон Кривањева и Енес Исени, кои се наоѓале на вториот кат од угостителскиот објект каде биле пронајдени од сторителите. Кривањева беше дел од групата кон која се пукаше во вооружен напад во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close