МВР со детали за синоќешната драма во која маж бегајќи од полицијата се качил во дрво

Вчера во 15.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благој Давков“ во Скопје има машко лице, најверојатно со психички проблеми, кое тропало по вратите на становите и ги вознемирувало станарите.

Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот, а кога ги видело полициските службеници, лицето се качило на дрво на висина од 15 метри. По одредено време, лицето доброволно се симнало.

Утврдено е дека станува збор за Д.Б. и по укажаната помош на лице место од екипа на Итна помош, лицето е пренесено во здравствена установа.

Back to top button
Close