МВР со детали за смртта на Радомировиќ: Пронајден со тешки повреди на главата, им подлегнал на повредите на Клинички
Возрасен маж со иницијали Р. Ч. синоќа со тешки повреди на главата бил пронајден покрај возило кај село Орман, Скопско, кој откако бил пренесен на скопските клиники им подлегнал на повредите, потврдија за МИА од МВР.
-Вчера во 18.50 во село Орман до паркирано возило „Лексус“ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено е дека станува збор за Р.Ч.(67) . Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.
Според медиумите, станува збор за бизнисменот Чедомир Радомировиќ кој беше основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка. Еден од првите финансиери на ВМРО ДПМНЕ и близок пријател на Борис Знејковски тогаш висок функционер во партијата. Инаку Радо банка западна во долгови и тогаш му ја продаде на Српскиот тајкун газда Нини близок на тогашната ВМРО ДПМНЕ кој подолго време беше во бегство во Македонија од Србија каде беше обвинет за криминал во Тутунскиот комбинат во Вранје и други лукративни дејства.
За синќешното убиство или самоубиство се очекуваат детали за случајот МВР да соопшти во текот на денов.