МВР: Жена пријавила дека на брат и му се слошило, откако испил кафе и вода во кафуле и завршил на токсикологија
42-годишен маж заврши на Токсикологија, откако испил вода и кафе во угостителски објект во Битола. Сестра му го пријавила случајот во полиција, по што од МВР се огласија со официјални информации во врска со настанот.
„На 21.03.2023 околу 15.30 часот во СВР Битола, Л.Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат А.Т.(42) од Битола му се слошило откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола.
Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР битола.
Интоксикација со корозивно средство има пациeнтот. Не знаеме како е дојдено до тоа, но таква изјава дава, дека бил во кафуле и кога ја отворил водата, од првата голтка почувствувал дека тоа не е вода. Полицијата и обвинителството се известени, ние не можеме да ја утврдиме вистинитоста на тоа што го кажува, но пациентот дава таква информација. Во системот има корозивно средство, почнати се испитувања, пациентот е на опсервација. Со овие средства, последиците се чувствуваат подоцна, така што мора да се набљудува. Може како последица да се јави стеснување на хранопроводникот и на желудникот, но се ќе зависи во која фаза е, вели директорот на Токсикологија доктор Ридван Бајрами.