МЗ: Граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.

Почитувањето на мерките ќе овозможат побрз излез од здравствената криза, потенцираат од Министерството, повикувајќи ги граѓаните да се воздржат од групирање и да ја одржуваат потребната дистанца.

-Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често и да ги дезинфицираме рацете. Да бидеме внимателни и да го заштитиме личното, но и колективното здравје, порачуваат од МЗ.

Потсетуваат дека на вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче потенцираше сите граѓани да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а МВР поинтензивно да врши контроли на терен.

-Сите мора да се придржуваат, без исклучок до препораките и целосно и вистинито да ги даваат сите информации до надлежните. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од болеста, напротив и себеси и најблиските така се доведуваат во голема опасност. Апелирам уште еднаш до МВР поинтензивно да се вршат контроли на терен, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close