МЗТ го освои 13 трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје Аеродром го совлада КК Кожув со 86-61 (42-27) во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија и на тој начин го подигна 13-тиот трофеј во ова натпреварување.
Аеродромци покажаа доминантна игра во текот на натпреварот, слично како и на претходните два натпревари на турнирот. Против домаќинот вечерва го диктираа темпото уште од самиот старт на средбата и го одржуваа водството.
Најефикасен во домашниот табор беше Стевановиќ со 20 поени, а кај МЗТ Скопје Аеродром се истакнаа Маслинко со 17 и Крстевски со 16 поени.
За најкорисен (МВП) играч на турнирот беше одбран Андреј Маслинко.