На 1 јануари се отвора новиот скијачки центар „Михајлово
На 1-ви јануари официјално ќе биде пуштен во употреба новиот скијачки центар на планината Кожув, соопштија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Градоначалникот вели дека се вршат последните подготовки пред официјалното отворање на Скијачкиот центар ,,Михајлово’’ и дека покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и се уште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови.
„Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово” и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија. Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ве пречека. Нова година, нов успешен почеток!
Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата… “ напиша Јанчев на Фејсбук.