На десет осомничени за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад продолжен притворот за уште 30 дена
Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот на осомничените во истрагата што се води поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а две лица се тешко повредени.
На еден осомничен за кривично дело тешко дело против општата безбедност, во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност поради вознемирување на јавноста, продолжен му е притворот за 30 дена.
И на другите деветмина осомничени за кривично дело тешко дело против општата сигурност во врска со кривичното дело непрописно и неправилно изведување градежни работи исто така продолжен му е притворот за 30 дена бидејќи би можеле да го повторат кривичното дело за кое се осомничени и поради вознемиреност во јавноста