На градот со Арсовска нема да му пречи ако Чифлиганец заработи и доплнително како нов газда на Топлификација

Кога пред 4 години го формиравме Градски Енергетски Системи, тогашната опозиција и тогашната зелена советничка не обвинуваа дека вдомуваме партиски кадри.

Ние зборевме за вмрежување на топловодната мрежа во Чаир со остатокот на градот за заштеда на енергија и намалени сметки, зборевме за гасификација на деловите на градот кои немаат парно, за субвенции за вклучување на мрежата, за задолжителен приклучок на парно за секоја нова зграда, а тие за управни и надзорни одбори колку пари ќе земале.

Во меѓувреме, амбасадорите на стопанската комора во владата направија све што можеа да ја оневозможат намерата на градот да си ја врати топлификацијата под своја капа.

Прво бараа легализација на подземната инфраструктура (испадна дека било дивоградба), па одвојување на дистрибуцијата од производството (мрежата му припадна на АД ГЕС, а производството остана во приватни раце).

Како и да е, Град Скопје сега е во можност да инвестира во поврзување на топловодните мрежи за да се намалат трошоците за производство на електраните, а и да се намалат сметките на корисниците (особено тие во Општина Чаир и Бутел), затоа што има свое јавно претпријатие со инвестициски план и приходи за такво нешто.

Сега, кога ја имаат претседателката на стопанската комора за градоначалничка, можат да спијат мирно дека градот не само што нема да си ја бара топлификација назад, туку и нема да му пречи ако Чифлиганец заработи и дополнително на оваа криза, како нов сопственик на Топлификација.

Во буџетот на Град Скопје за 2022 има 2 милиони евра помалку за животна средина и 8 пати помалку пари за инвертери. Зошто парите што не се даваат оваа година за инвертери (заради поскапена струја), не се дадат ко субвенции за становите што се греат на парно?

На седницата на буџетот зелените хумани функционери не земаа ни збор, а не пак да бараат мерки од Арсовска за надминување на најавената енергетска криза.

Што се однесува до градските сервиси, тие никогаш нема да бидат подобро оперирани од приватници, а доказ за тоа е кризата со парното греење што ја чувствуваме деновиве

Back to top button
Close