На Косово како шпиун на БИА уапсен таткото на новинарот Шабани кој работел на изборната кампања на Африм Гаши

Косовската полиција денеска во Феризај уапси две лица кои се осомничени за шпионажа и соработка со „БИА“ на Србија. Според косовските медиуми, станува збор за осомничените Бедри Шабани и Мухарем Ќерими.

Акцијата која ја води Управата за тешки кривични дела на косовската полиција продолжува. Се врши претрес на имотот на осомничените.

Тие се осомничени дека долги години соработувале со српските разузнавачки структури. Еден од уапсените бил царински службеник во периодот 90-99 година, додека по војната продолжил да ја врши функцијата цариник во периодот на администрацијата на УНМИК на Косово.

Според медиумите во Косово, еден од нив, поточно Бедри Шабани од Феризај, претходно работел на косовската царина. Шабани е татко на новинарот Зекирја Шабани, кој е сопственик на порталот „Факте плус“, додека до минатата година беше уредник и во телевизијата АТВ.

Зекирја Шабани беше многу активен во изборната кампања на Северна Македонија, за поддршка на ВЛЕН.

Тој ја подготвил изборната кампања за Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието на Северна Македонија, пишува Перископ.

За апсењето на Бедри Шабани, реагираше и косовската царина, преку објава на Фејсбук е објавено дека тој ја напуштил функцијата во Царината во 2004 година.

Српската БИА демантира дека уапсените работеле за неа.

„Безбедносно-информативната агенција одлучно ги демантира сите обиди за ширење лажни вести од страна на привремените албански институции на Косово и Метохија, дека двете лица со иницијали Б.Ш и М.Ќ, кои денеска беа уапсени во Урошевац, се обвинети за извршување на кривично дело шпионажа во каков било однос на соработка со Агенцијата“, се наведува во официјалното соопштение на Агенцијата за безбедност и информирање.

Back to top button
Close