Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати, училиштата се затворени

Најмалку 100 лица го загубија животот во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми.

Одроните и поплавите предизвикани од дводневниот силен дожд во оваа хималајска земја ги принудија локалните власти да ги затворат училиштата три дена.

„Поплавите го парализираа сообраќајот и секојдневните активности во долината Катманду, а три автопати, вклучително и клучната сообраќајница Притви што го поврзува Катманду со остатокот од земјата, се блокирани поради лизгање на земјиштето. Автобускиот сообраќај на патиштата е забранет во текот на ноќта, а на возачите им се советува да не излегуваат на патот. Дождот се очекува да продолжи“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Непал, Риширам Тивари.

Делови од Катманду беа целосно поплавени, како и многу куќи, поради што жителите беа принудени да се засолнат на последните катови од нивните станбени згради, а непалските безбедносни сили се ставени во состојба на готовност

Back to top button
Close