Најмалку 11 жртви откако училишен минибус падна од карпа во Индија

 Единаесет лица загинаа, а 29 се повредени, откако преполн училишен минибус падна од карпа во северниот дел на Индија. За време на несреќата во минибусот се возеле речиси 40 луѓе.

Девет лица загинале на лице место, а две им подлегнале на повредите подоцна во болница.

Официјални лица информираа дека 29 луѓе се во критична состојба, вклучувајќи шестмина кои со хеликоптер се префрлени во болница во Џаму.

Заменик гувернерот Маној Синха на Твитер напиша дека семејствата на жртвите ќе добијат отштета од 500.000 рупии (6.300 евра)

Back to top button
Close