Најмалку 12 луѓе загинаа во израелските напади врз јужен Либан

Во денешните израелски напади врз либанскиот град Кфар Руман загинаа најмалку 12 луѓе, соопшти либанското Министерство за здравство.
Тоа е еден од најсмртоносните напади врз Либан во изминатите неколку денови и покрај договорот од јуни за прекин на воените дејствија помеѓу израелската армија и Хезболах.
Помеѓу убиените, шест се деца и три жени. Тие загинале при израелски напад врз станбена зграда.
Израелската армија тврди дека Хезболах истрелала два дрона со експлозив врз израелските војници, кои дејствувале во областа Али Тахер Риџ во јужен Либан, каде се претпоставува верува дека либанската група гради подземен воен комплекс.






