Најмалку 12 загинати, меѓу кои се и две деца, во руски воздушен напад на станбена зграда во украинскиот град Суми

Во најголемиот воздушен напад во речиси три месеци, Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала кон Украина, при што загинаа седум лица и предизвика голема штета на електричната мрежа

Дванаесет лица, меѓу кои се и две деца, се загинати, а 52 се повредени вчера вечерта кога руска ракета погодила деветкатна станбена зграда во североисточниот украински град Суми, соопштија украинските служби за итни случаи.

Во известувањето од службите се наведува дека повеќе од 400 луѓе биле евакуирани.

Нападот на Суми уследи по утринските напади на Русија врз електричната мрежа на Украина.

Во најголемиот воздушен напад во речиси три месеци, Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала кон Украина, при што загинаа седум лица и предизвика голема штета на електричната мрежа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на каналот Телеграм.

„Ракетен напад на деветкатницата во Суми. Знаеме за загинатите и ранетите, а меѓу нив има и деца. Моето сочувство до семејствата. Криминалецот мора да биде казнет за убиство на невини луѓе“напиша Зеленски.

Според градоначалникот на Суми, ракетата го погодила и дворот на зградата, предизвикувајќи голема штета на околните куќи и автомобили.

Овој напад доаѓа по веста дека американскиот претседател Џо Бајден и дозволи на Украина да го користи ATACMS-системот, ракети со долг дострел за да ги нападне руските и севернокорејските сили во руската област Курск.

 

Што е ATACMS-системот со кој Украина ќе може да стрела врз внатрешноста на Русија

Украина со месеци бараше од западните сојузници да и дозволат6 да користи приектили со долг дострел за напади во Р’усија, за што рускиот претседател Владимир Путин кажа дека дека би сзначело директно вклучување на НАТО војната во Украина.

Такви работи не се најавуваат, вели Зеленски по добиеното „зелено светло“ од САД за употреба на оружје со долг дострел за напади врз Русија

Back to top button
Close