Најмалку 29 лица уапсени поради насилни протести во Ерменија

Полицијата денеска уапси најмалку 29 лица поради насилните протести пред зградата на Министерството за надворешни работи на Ерменија во Ереван, организирани поради противење на процесот на демаркација на државната граница договорен со Азербејџан, соопшти ерменското Министерство за внатрешни работи.

Неколку илјади демонстранти со димни бомби се собраа пред Министерството за надворешни работи на Ерменија барајќи оставка од ерменскиот премиер Никол Пашињан поради договорот со Азербејџан за демаркација на границата на двете земји, соопшти ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Лидерот на движењето „Тавуш во името на татковината“, архиепископот Баграт Галстанјан, побара министерот за надворешни работи Арарат Мирзојан да им се придружи на демонстрантите.

Back to top button
Close