(Видео) Најмалку двајца мртви и осум ранети во пукотница во Тел Авив

Најмалку шест лица се повредени денеска во пукотница во Тел Авив, која полицијата ја припишува на терорист, јавија израелските медиуми.

Телевизиските снимки покажаа голем број полицајци и лица од итна помош во центарот на градот. „Терорист отвори оган одблизу и побегна. Неколку лица се повредени”, изјави портпаролот на полицијата Ели Леви за телевизијата Канал 13.

Израелските медиуми јавија дека најмалку шест лица се повредени, од кои тројца се во тешка состојба.

Back to top button
Close