Најмалку две жртви во нови руски напади во Украина
Најмалку две лица загинаа во новите руски напади во Украина во градот Запорожје, соопштија денеска локалните власти, пренесува ДПА.
Еден маж и едно 11-годишно девојче загинаа кога проектил погоди приватен дом, соопштија во властите во јужниот украински град.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Телеграм објави фотографија од урнатата куќа. Тој ги нарече напаѓачите „злобни животни“.
Русија го анектира регионот Запорожје, но не го контролира главниот град во регионот.