Најмалку еден убиен и седум повредени во пукотници на автопат во близина на Ерусалим

Најмалку едно лице загина, а седум други се повредени во пукање на автопат во окупираниот Западен Брег на периферијата на Ерусалим, пренесува Си-ен-ен.

Според Дејвид Адом од израелската национална служба за итни случаи и медицинска помош двајца од повредените и понатаму се во тешка состојба.

Престрелката се случила во близина на израелската населба Маале Адумим, се вели во посебна изјава издадена од единицата на полицискиот портпарол.

Полицијата ги оквалификува напаѓачите како терористи, но не даде дополнителни информации за тоа кои биле тие.

„Тројца терористи кои пристигнаа со возило, излегоа и почнаа да пукаат од автоматско оружје кон возилата кои стоеја во сообраќаен метеж на патот кон Ерусалим“,се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека безбедносните сили „неутрализирале“ двајца од напаѓачите на местото на настанот и уште еден кој се обидел да побегне.

Жртвите се здобиле со различни степени на повреди и се пренесени во болница за да добијат медицинска помош

Back to top button
Close