Најмалку седум лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Украина, соопштија украинските власти

Најмалку седум лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Според податоците на украинските воздухопловни сили, Русија синоќа лансираше 147 беспилотни летала против Украина. Украинската противвоздушна одбрана собори 97, додека 25 ги промашија своите цели. Нападите ги зафатија регионите Харков, Суми, Чернихив, Одеса и Доњецк, како и главниот град Киев.

Во Киев загинаа три лицаа, а 10 се повредени.

Според началникот на градската воена управа на Киев, Тимур Ткаченко, две станбени згради во областа Днипровски во Киев се запалиле поради остатоци од дрон. Пожарот избил на најгорните катови на станбена зграда, при што една жена загина, соопшти украинската служба за итни случаи.

Четири лица загинаа во регионот на Доњецк.

Back to top button
Close