На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Адвокатката на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев утре ќе поднесе жалба на одлуката за притвор. Таа потврди дека понудиле и гаранции, но Судот ги одбил.

Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле никакви докази.

„Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени. Мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените. Токму на тие околности ќе се однесува жалбата, ќе ја поднесеме утре.

 

 

 

На одбраната на денешното рочиште не ѝ беа презентирани никакви докази во насока на постоење на основано сомневање. Само нѝ беше соопштено дека докази според обвинителството постојат“, рече адвокатката на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев, Сања Алексиќ.

Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева претходно рече дека ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Притворот се бара поради опасност од бегство и да не се влијае на сведоците (Телма)

Back to top button
Close