На паркинг кај “Мајка Тереза” прегазен малолетник, возачот избегал
Вчера околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „шкода“ удрило во малолетник од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот