На Скопје му недостигаат 171 пожарникар, моментално во главниот град има 213
На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски.
Според законските стандари, главниот град треба да има 384, а сега располага со 213 пожарникари.

„Недостигот на вработени е хроничен. Сега последната генерација има 20 нови вработени на кои им претстои преквалификација и обука. Потребата од дополнување ќе тече во текот на целата година. Така да, очекувам да дојдеме до некој оптимум за да бидеме ефикасни“, посочи Ѕвонко Томевски, командант на противпожарна бригада на Град Скопје.
Но, недостигаат и возила, а дополнителен проблем е и тоа што дел од нив се стари повеќе години. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека дел од противпожарната опрема веќе е обновена. Набавено е едно ново противпожарно возило и две цистерни што веќе се користат.





