На Тајван почна со работа прв телевизиски канал на англиски јазик
Тајван денеска го покрена својот прв телевизиски канал за вести, начин на живот и забава, на англиски јазик. Целта е да добие поголема меѓународна изложеност додека растат тензиите со Кина, јавија дел од светските медиуми.

На церемонијата на отворањето на каналот, претседателката Цаи Инг-вен посочи дека „Тајван плус“ веќе го подигнал меѓународниот авторитет на Тајван, а ќе помогне и во изградбата на уште поблиски врски со земји, што споделуваат слични вредности на слобода и демократија.






