На територијата на СВР Тетово казнети 55 возачи за пребрзо возење

Вкупно 55 возачи, од кои 43 на територијата на Тетово, а 12 на територијата на Гостивар се казнети за пребрзо возење во засилената акциска контрола што денеска се спроведе на подрачјето на  СВР Тетово во периодот од 7:00 до 12:00 часот.

Од санкционираните возачи, како што информира МВР, 39 возеле со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а 16  во населено место.

Од  МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Back to top button
Close