На Видовдан во Србија се прикажува вооружувањето и опремата на Војскатa

По повод одбележувањето на Видовдан, во Крушевац се одржува централна државна манифестација, седница на Владата на Србија, како и приказ на вооружувањето и опремата на Војската на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

На презентацијата на оружјето присуствуваше и премиерот Милош Вучевиќ, на која за прв пат во Србија беше прикажан кинескиот систем за противвоздушна одбрана со краток дострел „HQ-17AE“.

Како што кажа премиерот Вучевиќ, овој систем „е купен од Кина во претходниот период“ и тој првпат се презентира пред јавноста.

– Ова е нешто што гарантира уште подобра заштита на воздушниот простор над нашата татковина и претставува смртоносен тандем со нашето најмоќно оружје во однос на воздушната одбрана, со системите ФК-3. Граѓаните, можеа да видат и многу нови работи, од производството на муниција, она што го прави наменската индустрија, производството на артилериско-ракетна муниција, гранати, мини, па сè до сложени борбени системи, изјави Вучевиќ.

Системот „HQ-17AE“ овозможува гаѓање на четири цели истовремено на растојанија до 15 километри и височини до осум километри.

Back to top button
Close