Началникот на полицијата во Струга попладнево прободен. Напаѓачот е уапсен
Попладнево полицијата во Струга уапси лице од Велешта кое претходно со остар предмет го прободело началникот на Струшката полиција, јави тв 24.

Тешко повредениот полициски началник е однесен во болница.
Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата Ристо Крле во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга – изјави Димоски.
А.Д., според него, е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.






