Над 2.000 деца од Македонија ќе добијат „подарок“тетратки со ликови на бугарски владетели Aспарух,Симеон и Калојан

Над 2.000 деца во Штип, Велес и Скопје ќе добијат тетратки со ликови на бугарски владетели од бугарската фондација Македонија, соопшти вчера на прес конференција претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов. Како што кажа тој, донацијата е вредна 3.000 лева и е обезбедена од фондацијата „Жени и Александар Дрводелски“. На предните корици на тетратките се претставени ликовите на бугарските владетели Кан Аспарух, царевите Симеон и Калојан и други, а на задната страна се и нивните кратки биографии, пишува Мкд.мк

Според Стојанов донацијата од 2.600 вакви тетратки е симболична, но мошне важна донација.

 

 

„Овие тетратки се исклучително важни бидејќи ќе предизвикаат интерес кај децата во Северна Македонија за нашата заедничка историја. Тоа е бугарска историја, но за нив тоа е вообичаено. Фондацијата Македонија утврдила дека децата кои живеат во Западен Балкан и се Бугари по потекло немаат можност организирано и систематски да ја изчуваат бугарската историја дури и ако имаат сличен интерес. Ова се случува затоа што во образовните системи на Србија, Албанија, Северна Македонија, Косово не е планирано и не се планира да се изучува бугарската историја“, изјави Стојанов.

Ова не е прва ваква провокација на фондацијата Македонија на чие чело е Стојанов. Во јануари годинава тој испрати таблети и тетратки исто така наменети за македонски ученици.

Лани во октомври на Виктор Стојанов му беше продолжена 15 месечената забрана за влез во Македонија на неодредено време.

повеќе

Back to top button
Close