Надал: Среќен сум за новата титула на Реал
Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал е пресреќен со новата титула во Ла Лига за Реал Мадрид, клуб на кој е фан многу години.
Шампионот на Ролан Гарос и УС Опен во интервју за клупската телевизија на клубот изјави дека бил многу среќен кога Реал теоретски ја обезбедил 34-та титула на шпанскиот шампион.
– За мене е добар пример како да ги надминете предизвиците, тоа е пример за тоа како имате страст кон нешто и колку сте посветени на вашата професија. Кога играчите беа во домашен карантин, ги исполнија своите обврски, се вратија во одлична форма, што е уште покомплицирано да се оствари, затоа што вие сте дел од група. Денот кога ја освоивме титулата, ме направи толку среќен, вели Надал.
Единствената работа што го растажи беше фактот дека играчите не можеа да ја прослават титулата со навивачите.
– Ова е многу посебен трофеј, особено откако беше освоен и покрај бројните тешкотии што ни се случија целата година. Исто така, има горчина затоа што не сме во состојба да го славиме со навивачите, имавме ситуации што сите не направив тажни. Се надевам дека наскоро сите ќе можеме да славиме заедно, посочи Рафа.
Тој рече дека започнал со подготовки за продолжување на тениската сезона и турнирите што се планира да започнат кон средината на август.
– Јас работам во мојата академија секој ден, се подготвувам за тоа што нè чека. Тенисот е во многу комплицирана ситуација, во која учествуваат луѓе од целиот свет. Чекаме на турнири и се надевам дека наскоро ќе заврши овој кошмар и дека сите ќе се вратиме во нормален начин на живот, заврши Надал.