Надомест oд 600 евра за струја за Грците со годишен приход до 45.000 евра

Покривање на 50 отсто на зголемувањето на струјата за потрошувачка над 300 киловат часови за мај и јуни; вонреден надомест до 600 евра за граѓаните со годишен приход до 45.000 евра, за дополнителни направени трошоци, ретроактивно од декември до мај; одвојување на меѓународните покачувања на природниот гас од сметките за струја, односно индиректен плафон на цените на природниот гас, се дел од мерките што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во телевизиската порака до граѓаните, Мицотакис ја претстави новата национална програма на грчката Влада за справување со покачувањата на цените на електричната енергија и рече дека за енергетската криза предизвикана од војната во Украина, потребно е европско решение, но „Европа, барем засега не е на ниво на задачата и за жал решението доцни“.

Back to top button
Close