Намален прометот од продажба на услуги

Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2021 година покажува намалување во однос на првото тримесечје од 2020 година за 5,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2021 година, во однос на истото тримесечје од 2020 година, намалување се јавува во поголем дел од секторите, а најголемо е во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 19,8 отсто и во секторот Административни и помошни услужни дејности за 15 отсто. Зголемување се јавува во секторот Информации и комуникации за 2,1 отсто.

Back to top button
Close